„Петоци за Иднината Скопје“ во 15 часот ќе го окупира просторот пред Собранието

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Пред Собранието на РСМ денеска во 15 часот движењето за климатска правда „Петоци за Иднината Скопје“ ќе организира протестен собир на кој ќе биде побарано средба со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, со цел да добие објаснување зошто донесувањето на Законот за отпад континуирано се одложува.

Фото: Борче Поповски

Протестот ќе биде и со соодветен парфоманс, симболично седнување на улицата, што ќе ја претставува „чекалната“ во која се наоѓаат граѓаните додека да се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.

„Дворските игри кои партиите ги играат во парламентот под превез на преговори за законот за отпад е најнов доказ дека чистиот воздух за нив е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси, како тој за увоз на опасен отпад.

Во знак на протест, Петоци за Иднината Скопје во петок во 15 часот ќе го окупира просторот пред Собранието и од таму ќе побара средба со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, со цел да добие објаснување зошто донесувањето на овој закон континуирано се одложува.
Во ноември минатата година коалицијата Зелен Фронт најави дека неисполнување на барањата, меѓу кое клучно беше носење на закон за отпад до крајот на 2019-та, ќе биде повод за граѓанска непослушност.

Како дел од коалицијата и предводник на зелената револуција, Петоци за Иднината ќе одржи мирен собир на кој со заземање на улицата и седнување (sit-in) симболично ќе го демонстрира бесконечното чекање на граѓаните за здрава животна средина. Секој кој се наоѓа погоден од оваа ситуација е добредојден да ни се придружи!“, се вели во најавата на протестот.

Слични содржини