Петрачи: Нема да биде лесно да се најде замена за Џеко

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Поранешниот директор на Рома, Џанлука Петрачи изјави дека „нема да биде лесно да се најде замена за Џеко“ кој следната сезона ќе го носи дресот на Интер, нагласувајќи дека тој е „извонреден фудбалер“.

Босанскиот репрезентативец наскоро треба да потпише договор со „нероазурите“, а Петрачи зборуваше за времето кога беше директор на Рома и кога го убеди ветеранот да остане на „Олимпико“, пренесува „Фудбал Италија“.

– Кога дојдов во Рома, Џеко беше на трансфер листата. Успеав да се наметнам колку што можев. Имав работа со професионален, примерен тип. Џеко сфати и конечно одлучи да остане со нас. Мислам дека тој е извонреден фудбалер – изјави Петрачи за Скај Спорт Италија.

– Денес во Рома се ослободуваат од овој човек, мислам дека ќе биде тешко да го замениме. Му посакувам се најдобро, но нема да биде лесно да се најде замена – додаде тој.

Џеко постигна 119 голови на 260 натпревари за Рома откако пристигна на Олимпико во јули 2016 година, и постигна 15 гола на 25 натпревари во Лигата на шампионите.

Слични содржини