Глобалната криза ни доаѓа после ковид-кризата и во моментот кога Буџетот, граѓаните и компаниите се исцрпени. Се чувствува дека е потешко во споредба со пред две години, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“.
Според неа, Владата претходно презеде низа мерки и затоа фискалниот простор е исцрпен.
-И натаму се потребни мерки за справување со кризата. Граѓаните со помал приход и компании секако се повеќе погодени во однос на други. Мерките треба да бидат насочени кон ранливи категории. Се согласувам дека во следниот период треба да водиме сметка какви мерки ќе воведеме, а да не бидат линеарни. Дали ќе бидат во форма на ваучери за најранливите граѓани или ќе бидат во форма на одбитоци за најзасегнатите компании, треба да бидат такви. Линеарност значи дека кога се намалува ДДВ-то или замрзнување на цените, истите се замрзнати за сите граѓани. И оние со доход од 2000 евра и оние со 200 евра, плаќаат иста цена. Додека таргетираност значи дека цените нема да бидат замрзнати, туку помогнати граѓаните кои живеат под одреден праг, појаснува Петрески во емисијата „Топ тема“.