Петрески: Кремљ преку дезинформации сака да нѐ раскара со Бугарите

од Nikola Popovski
306 прегледи

Дезинформациите од војната со Украина се преземени, пред сѐ од Србија. Со тие информативни врски имаме и лажни вести, но и цели канали. Тие постојат уште од анексијата во Крим, упадот во парламентот во 2017 година кога имаше сериозна дезинформациска офанзива од северниот сосед. Тие мрежи функционираат, вели политичкиот аналитичарот Владимир Петрески во емисијата „Клик плус“.

Во однос на спорот со Бугарија, тој вели дека гледаме подолг период како се актуелизира прашањето, така и руската машинерија за дезинформации се јавува, обидувајќи се да нѐ раскара.

-Често се случува од официјални профили на Кремљ да се стават на наша страна, за да ги разбеснат Бугарите, смета Петрески.

Слични содржини