Петров: Ако сакаме квалитетен изборен модел, можеме да потрошиме и повеќе од година

од Nikola Popovski
267 прегледи

„Изборниот законик треба да се донесе во квалитетна процедура, која може да трае и повеќе од една година. Ние сакаме да го смениме изборниот модел набрзина. Ако сакаме квалитетно решение и да имаме консензус не може тоа да го направиме утре“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека промената на изборниот модел е сериозна реформа, за која експерти кои се занимаваат со таа проблематика кои треба да го кажат своето мислење.

„Треба да се отворат повеќе јавни расправи, да се повикаат повеќе експерти. Треба да се согледаат сите недостатоци од минатото, што пречело, што било добро и каде сакаме да одиме“ кажа Петров.

Тој додаде дека според примерите од другите земји, изборните закони се приготвуваат подолг период и се усвојуваат на најмалку шест месеци пред изборите, со цел партиите да може да се прилагодат на измените.

Слични содржини