Петров: Да не го политизираме пописот, туку да креираме популациони политики

од Nikola Popovski
377 прегледи

„Секаде во светот пописот е статистичка операција, само кај нас тоа се политизира. Сите излегуваат со претпоставки кој, како и зошто не се попишал. Да ги тргнеме шпекулациите на страна, тие служат само за одредени лични аспирации“ рече членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека треба да се разговара за две клучни точки – зошто и од кои причини луѓето се селат од државата и зошто е намален природниот прираст на населението.

„Македонците имаат проста репродукција. Тоа ги намалува демографските капацитети на населението во иднина. Треба да се запрашаме зошто е тоа така“ рече Петров.

Тој додаде дека треба да се отворат јавни и широки дебати околу прашањата за иселувањето и намалениот прираст, како и за да се разговара за мерките за популационата политика.

Слични содржини