Петров: Економските мерки значат помош за 250.000 работници и 35.000 компании (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
142 прегледи

„Владата на Република Северна Македонија е свесна за проблемите со кои се соочувате и подготви нов пакет на економски мерки, вреден 200 милион евра, со една јасна цел – да се ублажи економскиот удар од корона вирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба“, изјави денеска Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Го разбирам вашиот страв. Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. Загрижени сте за својата иднина, своите работни мести и своите месечни примања. Знам дека ова е тежок период и за вас. Дел од вас беа приморани да го намалат обемот на работа. Некои мораа привремено и да ги затворат своите компании а бидејќи приливите се намалени, многумина од вас се прашуваат како да ги исплатат платите на своите вработени на крајот од месецот. Ова се неизвесни времиња за сите, но мојата порака до вас денес е следна –не сте сами во ова. Ќе го надминеме ова, заедно“, посочи тој.

Слични содржини