Каракачанов е обичен шарлатан кој не заслужува никакво внимание, а уште помалку е да ги земаме со сериозност неговите изјави. Треба да водиме сметка дека сегашната бугарска влада покажа поинаков пристап, вели членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров за дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.
Според него, сега постои желба од Бугарија за пријателство со Македонија.
-Тие сакаат да се одглават од ситуацијата во која што беа. Од малите ситници не треба да правиме големи проблеми. Никој не се плаши сега да го каже името Македонија и да каже дека зборува македонски јазик, кој е признат насекаде низ светот. Кој сака да го прифати тоа, во ред е, кој не сака, ќе мора да живее со тоа. Факт е дека ние сме Македонци, појасни Петров.
Членот на СДСМ потенцира дека не е точна тезата дека премиерот Димитар Ковачевски нема политички легитиметет.
-Тој легитимитетот го добива од Собранието. Слични примери има во Велика Британија, каде што десет премиери не се дикретно избирани на избори“ кажа Петров во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.