Петров: Ковачевски не филозофира, туку бара мерливи резултати

од Берта Китинска
236 прегледи

„Ковачевски е човек со интегритет, кој гледа технократски и прозападно на работите. Гледа што може да се постигне од ситуацијата и како да се подобрат работите. Тој работите ги гледа низ призма на мерливи резултати“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека уште по првата средба со бугарскиот премиер Кирил Петков и двајцата кажале дека прогресот го следат низ табели со мерливи податоци и дека таквиот начин на работа ќе се наметне и во Владата и во СДСМ.

„Ковачевски не филозофира и не дава изјави ради изјави. Тврд е во изјавите, со што е одговорен. Не пушта повеќе од она што треба“ кажа Петров.

Тој додаде дека тоа што Ковачевски досега не бил експониран му дава предност, бидејќи бил во раководствата, има искуство, но нема политички багаж.

Слични содржини