Петров му одговори на барањето на Трамп на фејсбук: Македонците од целиот свет се со вас!

од Берта Китинска
372 прегледи

Тодор Петров кој раководи со Светскиот македонски конгрес му се обратил на поранешниот претседател Доналд Трамп со статус на фејсбук во кој му дава поддршка.

Како и многумина и Светскиот Македонски Конгрес доби електронска порака од изборниот штаб на Американскиот Претседател Доналд Трамп преку [email protected] на 7 ноември 2020 година, во која се вели:

„Електронски Ви испраќаме итно барање. Потребни ни сте да го кренете гласот во јавноста и да застанете со Вашиот Претседател. Со ваша помош, ќе испратиме цврста порака до либералната толпа дека вистинските патриоти сто посто го поддржуваат претседателот Трамп. На Претседателот Трамп сте му потребни токму сега. Му го испраќаме списокот со секој поддржувач што го додава своето име на линкот во прилог, во наредните саати. Ве молиме веднаш додадете го Вашето име, застанете со Вашиот Претседател во одбрана на изборите од радикалната левица,

Сепак и покрај обидите за испраќање на електронска поддршка не успев  во тоа. Yahoo ја отфрла поддршката преку приложените линкови со одговор “Забранет пристап!“ Поради тоа испративме порака преку електронска пошта која гласи: “Невозможно е да се додаде нашето име на вашиот линк за поддршка, бидејќи за жал, на секој наш обид за поддршка, yahoo.com автоматски одговара: Пристапот е забранет! Нашите пораки до Вас се блокирани. Затоа нашиот одговор преку оваа електронска пошта [email protected] е: “Светскиот Македонски Конгрес е со претседателот Доналд Трамп! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија му го честитаат на Американскиот народ изборот на Доналд Трамп за 46. претседател на Соединетите Американски Држави! Светот ја чека вашата инаугурација! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија се со вас! Изборете се за победата! Претседател на Светскиот Македонски Конгрес#, напишал Тодор Петров.

Слични содржини