Сум имал чести контакти со Бранко Црвенковски. Ако така гледате, сите беа бранковисти. И Заев беше бранковист, затоа што тогаш сите бевме дел од раководството, кое го предводеше тогашниот претседател, вели членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „24 анализа“, на прашањето дали „бранковистите“ се враќаат во владеачката партија.
Петров истакнува дека се уште има исклучителна почит кон Црвенковски.
-Тој е еден од столбовите на СДСМ и мислам дека треба да се надминат голем дел од тие работи што биле во изминатиот период. Генерално ако целта ви е иста со некого, ако се стремите кон исто нешто, тенденцијата е да се хармонизираат односите. Јас не можам да го вклучам Црвенковски во некаков обединувачки пакет. Замрзнувањето на членството во СДСМ е негова лична одлука, оценува Петров, додавајќи дека „кај Ковачевски постои желба за разговор за решавање на сите проблеми кои постоеле во минатото“.
-Не можеме да бидеме робови на нешто што се случило во минатото. Треба да гледаме напред. Не можам да посредувамза враќање на Црвеновски, бидејќи секогаш најдобрите работи се директни, потенцира Петров.