Мора различните мислења да се соочат, дури и некогаш чекор назад да се повлече
Верувам дека новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски и од денеска нов мандатар, ќе знае како да ги интегрира луѓето, ќе делува позитивно, ќе покаже добри технократски и менаџерски способности кои ги има и како човек кој е без политички багаж, јас верувам дека може да биде нова перспектива на државата, вели Андреј Петров, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, пратеник и висок функционер во СДСМ кој повторно се врати активно во редовите на партијата како член на Извршен одбор на СДСМ .
По оставката на Заев, Петров смета дека ќе има ново обединување во партиските редови и токму новиот претседател Ковачевски е вистинскиот човек за тоа.
-Идејата иницијална е добра, да се почитува секој и да има доволно интегритет да работи самостојно. Народот кажал „сложни браќа куќа градат“, ако има добро разбирање, мислам дека може се успее. Мора различните мислења да се соочат, дури и некогаш чекор назад да се повлече. Новото раководство со Димитар Ковачевски има силен потенцијал, силен интегративен потенцијал, силна проевропска и проатланска ориентација во себе, рече Петров во Утрински Брифинг.