„Неопходно е да имаме поддршка на европскиот концепт а не да тераме чист популизам и не е битно кој од која етничка припадност доаѓа туку каков е човекот и пред се’ дали и мисли добро на државата и на граѓаните за да се обезбеди подобар живот’’, изјави вечерва Андреј Петров, членот на ИО на СДСМ, во Топ Тема.
Петров рече дека целта кон којашто се стремиме сите ние како држава е да станеме членка на ЕУ до 2030 година а можеби и порано.
,,Со цел да имаме помалку криминал, подобро образование и да немаме корупција. Сите ветувања напразно ја кочеа државата и ја држеа заробена 14 години кадешто немаше соживот и еднаквост за сите граѓани”, посочи тој.
„Изборите се во редовен термин тоа е факт, тоа е единствениот термин кој овозможува редовни избори. Првиот рок за претседателски избори е 14-ти март, а последниот е 8-ми мај. Првиот рок за парламентарни избори е 5-ти мај, меѓутоа со оглед дека е Велигден невозможно е да има избори. Согледувајќи ги сите аспекти 8-ми мај беше денот кој беше прифатлив и за опозицијата и за сите. После 18 години државата за првпат ќе има избори во редовен термин и тоа е добар исчекор после оние постојани предвремени избори што ги имавме 17 години наназад. Одлуката е коректна и се заштедуваат четири милиони со тоа што изборите ќе бидат на овој начин организирани“- додаде Петров.
Петров рече дека не смее да има раздробување на ткивото на сите оние што сметаат дека погрешна е перцепцијата на стратешките партнери на државата.
,,Забелешките коишто ги доби државата од нејзините стратешки партнери се коректни, а за опозицијата рекоа дека ни кола не би купиле од нив”, порача Петров на Телма.