Верувам дека во изминатиот период покажавме дека #ФИТР претставува појдовна точка на сите оние кои имаат храбри и иновативни идеи кои подоцна прераснуваат во успешни компании. Развиваме и нова менторска програма за поддршка на потенцијалните и одбиените апликанти со цел да им помогнеме за поквалитетни и поконкурентни проекти, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров пред почетокот на Startup Weekend Skopje.
Развиваме и нова менторска програма за поддршка на потенцијалните и одбиените апликанти со цел да им помогнеме за поквалитетни и поконкурентни проекти, вели тој.
„Поддршката на стартап компаниите ја зајакнуваме со воведување на Програмата за корпоративна иновативност која ќе овозможи воспоставување на партнерства и јакнење на соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите. Програмата има за цел да ги поттикне иновативните проекти и нивна соодветна примена, размена на искуства и знаења, унапредување на бизнисот, раст и развој на двете страни“, истакна Петров.
ФИТР и оваа година го поддржува 10-то јубилејно издание на Стартап Викенд Скопје и за победничкиот тим обезбедени се карти за добро познатата конференција Podim за сите членови на победникот тим. 54 часовниот настан ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение.
Techstars Startup Weekend е настан основан за прв пат во 2007 година во Колорадо, Америка и досега е успешно реализиран во 150 земји низ целиот свет, со повеќе од 7.000 настани во изминатите 14 години.
Целта на Startup Weekend e младите да се стекнат со нови знаења, можности за вмрежување и основање на стартап компании во Македонија.