Петров: Словенечкиот експерт кажа дека спроведовме најмодерен попис во светот

од Nikola Popovski

Смогнавме сили за попис после 20 години што е срамотно и скандалозно за земја членка на НАТО. Толку години независност да не можеме да направиме попис поради страв од реакциите. Секогаш сум верувал во стручните капацитети на државата и не верувам дека тој што работи статистик би направил нешто што е различно од неговата струка. Треба да се респектира тоа што се влезе во ваков процес. Кај нас се политизира од многу причини, рече поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Според него, спроведувањето на пописот е голема работа затоа што се направи во комплицирано време со комбиниран модел во време на пандемија.

-Словенечкиот експерт што беше гостин на ДЗС кажа дека пописот е изведен на врвен начин и дека е еден од најмодерните пописи спроведени во светот. Ако некој компетентен што ја работи таа работа цел живот и бил ангажиран во меѓународни институции, нема причина да гледаме со скептицизам. Секогаш има реакции за резултати. Тоа се невкусни коментари. Секој чевлар најдобро си ги знае своите чевли. Се сложувам дека треба да се провери бројката на турската националност. Сето друго е логички проекции на населението. Треба да се запрашаме зошто имаме помалку луѓе. Тоа е прашање за сите наназад што направивме во изминатите 30 години зошто луѓето ни отидоа во странските земји, вели Петров во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини