Петров: Во СДСМ има демократија, додека во ВМРО-ДПМНЕ има војнички-тоталитарна матрица

од Nikola Popovski
166 прегледи

„Денес во СДСМ има доста демократија, има различни ставови по многу прашања. Она што се случува во моментот е делумна апатија на луѓето да се занимаваат со политика, луѓе кои се докажани во сите професии, и препуштање на терен во сите партии на луѓе што во политиката го бараат единствениот начин на егзистенција. Тука СДСМ воопшто не е исклучок, тоа се случува во ВМРО-ДПМНЕ“ рече Андреј Петров, лекар, дерматолог, универзитетски професор и член на СДСМ во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека од демократски аспект има различни мислења во СДСМ, дел од дискусиите од ИО на СДСМ излегуваат во јавноста, додека од ВМРО-ДПМНЕ не можете да слушнете што се случува бидејќи тоа е таква војнички-тоталитарна матрица

Петров додаде дека и СДСМ е единствената партија во која претседателот се бира директно од сите членови.

„Како се избира претседател на непосредни избори од членство, така треба да се бираат и претседатели на локални ограноци. Да се спроведе еден американски модел во кој не е битно за да станете претседател на огранок да сте му близок со претседателот, туку колку тежите во средината во која живеете. Ние сме отидени најмногу со демократизација, нашите членови за кандидати за пратеници се утврдуваат на конгрес. Нашиот главен опонент не оди со тоа на конгрес и со потпис на раководството ги доставува кандидатите до изборните органи. СДСМ во тој смисол е многу понапреден“, истакна Петров.

Слични содржини