Петров за клубот „Цар Борис Трети“: Даваме претеран публицитет на смислени провокации организирани од шарлатани

од Nikola Popovski
261 прегледи

Давањето претеран публицитет на вакви смислени провокации, од страна на група на шарлатани и фокусирањето на јавноста таму, на државата не ѝ носи ќар. Она што сакам да истакнам е глупоста на техничкиот бугарски министер за надворешни работи околу паралелата меѓу Јосип Броз Тито и цар Борис Трети. Едниот бил антифашист и докажан пријател на САД и Велика Британија. Доволно е да отидете во музејот на Бриони, ќе ги видите сликите на Тито со кралицата Елизабета или Кенеди, каде што јасно е прозападната ориентација на поранешна Југославија, изјави поранешниот градоначалник и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров околу утрешното отворање на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Тој потенцира дека Југославија со помош на сојузниците, ја артикулираше борбата против фашизмот.

-Од другата страна имате личност што е докажан фашист и соработник на Хитлер и тоа е нешто што е непобитен факт, но тоа не значи дека треба да одиме со канти со бензин и да палиме и да даваме поголем публицитет на нешто, од што државата во моментов корист нема, порача Петров во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини