Не ни треба ЕУ по секоја цена. Не можеме да ја менуваме историјата, значи за мене Бугарите биле окупатори не администратори, вели поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето на Телма.
-Не можеме да зборуваме за јазикот и идентитетот заради тоа што тоа е слобода, тоа е нешто што не зависи од никој друг туку зависи од нас самите и е факт што се случува на повеќе катедри на универзитети низ целиот свет, и на прашањето на Уставот значи не е проблем да влезат Бугарите во македонскиот Устав бидејќи тоа покажува дека ние сме различни народи, но, нормално е дека тоа треба да биде со реципроцитет, решавање на правата на Македонците во Бугарија, на македонското малцинство во Бугарија. Ако ме прашувате мене ја сметам дека решението со Бугарија не зависи од нас туку од тоа дали ќе се повлечат црвените линии од нивната Резолуцуја, бидејќи ни еден македонски политичар не може тоа да го прифати “, изјави Петров.