Петрова: Провокациите на бугарските политичари не можат да се оправдаат, но С. Македонија нема да преговара со ЕУ додека не ги заштити правата на Бугарите

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера беше во Бугарија и разговараше со својот колега Николај Милков. Повод беше претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Дипломатската позиција од страна на РСМ е важно да се види дека власта го осудува овој вид криминален чин. Важно е да има конкретен резултат со убедувања – луѓе кои преземаат одговорност. Она што сакаме е да видиме конкретен резултат, луѓето да го добијат она што го заслужуваат според законот“, изјавила утрово заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова за тамошните медиуми.

Според неа, провокациите на бугарските политичари преку објави на Фејсбук не можат да се оправдаат.

„Владата и Министерството за надворешни работи ги осудија ваквите обиди на бугарските претставници, но разликата е огромна – говорот на социјалните мрежи наспроти актите на насилство. Важно е да се влијае на провокативниот тон“, коментира Петрова.

Таа за „Бугарија ON AIR“ нагласи дека прекинот на говорот на омраза и овие акти на насилство се дел од условите за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Додека не се смени Уставот, РСМ нема да почне преговори со ЕУ. Прифатени се условите под кои можат да започнат, меѓу нив е и заштитата на правата, вклучително и правата на Бугарите. Патот на РСМ зависи од резултатите што ги покажува, промената на овој негативен тренд не е поврзан само со нашите билатерални односи, туку со нејзината кандидатура за членство во ЕУ. Нивната политичка цел е поврзана со почитување на европските вредности, тие не се бугарски хирови. Тоа што не се почитуваат условите ѝ штети на РСМ“, категорично рекла заменик министерот за надворешни работи.

Слични содржини