„Заради тоа што тие се вработени и се примени по законот за Служба во Армијата и ова е едно од прашањата за кои што јас имав дискусија токму со претседателот кој го напомнавте вие пред неколку месеци, каде што јас објаснив дека ако инсистираат да им биде трансформиран работниот однос по Законот за работните односи тогаш ќе ги изгубат сите права по Законот за служба во Армијата,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“ која се емитува на МРТВ 1, во врска со прашањето на Независниот Синдикат на професионални војници, зошто МО не сака да го трансформира работниот однос на пфв на неопределено време како на сите работници во државата после 5 работни години поминати кај еден ист работодавач.
„Целта на Законот за служба во Армијата е да имаме професионална Армија и затоа е предвидено горната граница да биде 45 години, после кои наполнување 45 години, професионалните војници, се разбира од некои времиња кога буквално останувале на улица сега имаат многу можности како ќе продолжат понатаму. Една од опциите е да земат отпремнина во висина од две просечни плати за секоја година помината во Армијата. Втората опција е тие да останат како вработени во МО или работниот однос да им биде трансформиран како цивилни лица во Армијата и третата опција е да бидат распоредени некаде во останатите државни институции,“ појасни Петровска.
Министерката додаде дека, ако се трансферираат по Законот за работни односи тоа значи дека тие ќе останат професионални војници до наполнување 55 или повеќе години старост, што се коси со концептот на професионална војска на професионална Армија и второ ако се направи таква трансформација тогаш тие ќе ги изгубат сите придобивки по Законот за служба во Армијата.