Петровска: АНБ не е своина на политичка партија – не е како досега, уште полошо е

Сакаме се да се објави за да можат граѓаните да ги добијат одговорите. Власта западна во сопствената замка, па гледаме дека и Обвинителството влегло во АНБ, рече Петровска

од Nikola Popovski
73 прегледи

Ставот на СДСМ е сакаме да има надзор за наводното прислушување од АНБ. Добро е што се договоривме и во среда ќе ја имаме седницата и ќе го одредиме датумот кога ќе се упатиме во АНБ. Најверојатно ќе биде уште истиот ден, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска откако Собранието за в среда ја закажа седницата на Комисијата за надзор врз работата на АНБ, а пратениците најавија посета на институцијата, со цел разрешување на наводите за прислушување на актуелни функционери, бизнисмени, новинари…

Петровска истакнува дека прво и основно барање на СДСМ е да има декласификација.

-Сакаме се да се објави за да можат граѓаните да ги добијат одговорите. Власта западна во сопствената замка, па гледаме дека и Обвинителството влегло во АНБ. Јас како пратеник сметам дека јавниот интерес е поголем, но власта бара изговори за да не се декласифицираат документите, кажа пратеничката во вестите на Тв Сител.

Запрашан за прашањата на СДСМ на прес-конференцииите во кои се поставува дилема дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата, Петровска посочува нејзината партија не кажува што има туку прашува.

-Не можеме да прејудицираме дали знаеме или не знаеме. Декласификацијата ќе даде одговор на сите овие прашања кои ги поставуваме. Јас лично немам информација и ние поставуваме можни прашања како партија. Затоа вели дека ако правиме надзор, какви изјави ќе дадеме, наведе екс-министерката, посочувајќи дека во моментов, поради овие случувања, „не е како досега – уште полошо е“ состојбата.

Таа е децидна дека АНБ не е своина на политичка партија.

-Обвинувањата се за злоупотреба на службена должност. Како тогаш информациите се објавија во одредени портали, праша Петровска и порача дека ова што се случува е „опструиран скандал“.