Армијата на Република Северна Македонија на дело покажа дека е способна и мотивирана и оти функционира според највисоките НАТО-стандарди. Се уште не e донесенa одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО, кажа денска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
-Таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата.
На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се испорачува во повеќе фази.
– Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста не го соопштуваме тоа, но ги соопштивме двете одлуки кога донесовме одлуки за тоа, изјави министерката за одбрана Петровска денеска на армискиот полигон Криволак, каде се одржуваше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.