По повод две години членство во НАТО, се огласи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според неа, денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата.
-Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел – членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни!, напиша Петровска на социјалните мрежи.
Од 27. март НАТО има 30 земји членки.
„Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство со 30 нации и речиси една милијарда луѓе. Семејство базирано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“, соопшти тогаш генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Од тој ден македонското знаме е развиено на јарболот пред седиштето на Алијансата во Брисел и пред две други команди заедно со останатите 29.