Пратеничката од СДСМ и екс-министерка, Славјанка Петровска доцна синоќа добила закани од автомобил во движење. Случајот го пријавила во полициска станица.
-Пратеничката С.П. од Скопје, денеска во два часот во Полициската станица – Кисела Вода пријави дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што објавија претходно дел од медиумите, кон Петровска биле упатени зборовите „Цаци, готова си“.