Петровска: Евроинтеграциите не се ниту во втор план на Владата, Мицкоски имаше големи ветувања

од Nikola Popovski
94 прегледи

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска оценува дека раководството на нејзината партија треба да одлучи околу можна соработка со едното крило на АА предводено од Арбен Таравари. Најави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче ќе има средба токму со Таравари.

Според неа, чинот на излегувањето на една партија од владеачката коалиција покажува дека изминатиот период немало дијалог во Владата и сите коалициски партнери не биле еднакво почитувани.

-Ако е така како што тврди Таравари, тоа значи дека е враќање назад и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвикува враќање назад на државата, генерално во однос на позициите на она што е изградено претходно. Загрижува застојот во делот на евроинтеграциите односно непоместувањето. Повеќе би рекла дека Таравари е повеќе согласен со нас дека процесот на европска интеграција не е ниту во втор план и е многу подолу во агендата на Владата. Од друга страна, земјите од соседството забрзано се стремат кон приклучување во ЕУ. Имаше големи ветувања во предизборието од страна на лидерот на Владата, Христијан Мицкоски дека имаат план, ама еве и после една година не го видовме. Очигледно планот беше дека ќе заборавиме на предизборните ветувања, рече пратеничката во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини