Петровска ги поднела доказните материјали на Ковачки до одговорните лица

од Nikola Popovski
134 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги испратила доказните материјали до надлежните органи што пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки што ги поднел до неа.

-Благодарам за упатената доверба од страна на пратеникот Ковачки во мене како министерка. Неговите сомнежи и доказни материјали денес се поднесени до одговорните лица за понатамошна истрага, објави денеска Петровска.

Ковачки синоќа во ТВ дуелот во „Само вистина” на Канал 5 покажа документ од 2021 година во кој, како што кажа, генерал на Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени професионални војници во Армијата со законски пречки како што се приведување за тешка кражба, со судска постпака, потоа предлог за прекин на договор поради трајна ограниченост за служење во војска, судска пресуда, наод од воена лекарска комисија за ограничено способни за служба…

Слични содржини