Петровска: Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина

од Vladimir Zorba
203 прегледи

„Живи сме, мртов е зборот робје ! “ Силни зборови вдлабени на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, кои не задолжија за иднината за којашто верувале, за сегашноста која ја живееме ние денес – слободна и независна македонска држава“, сподели министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откако положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

„Го празнуваме Денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година и вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година и оддаваме почит на храбрите борци кои ги поставија темелите на државноста. Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина. Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!“, додава таа.

Слични содржини