Петровска – Холштајн: Посветени сме на развој на одбранбената соработка помеѓу С. Македонија и Германија

од Берта Китинска
202 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството оствари средба со амбасадорката на СР Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн на која стана збор за билатералната одбранбена соработка, како и за геополитичките предизвици на европскиот континент.

Министерката Петровска и амбасадорката Холштајн ги потврдија позициите на двете земји членки на НАТО Алијансата – сојузниците се единствени по ова прашање, а мирното и дипломатско решение на руско-украинските односи е најпосакуваното решение на ситуацијата.

Во контекст на билатералната соработка, Петровска и Холштајн потврдија дека таа е на одлично ниво и се заложија за нејзин развој. Соработката се базира на Спогодбата од далечната 1996 година, а низ годините сите годишни програми за соработка имаа исклучително висок процент на реализација.

Во периодот од 2002 до 2019-та година, интензивен курс по германски јазик звршија околу 200 припадници на Армијата кои последователно беа упатувани на стручно спцијалистички оспособувања во оваа земја, а околу 200 припадници на Армијата, на различно ниво, се школувале и завршиле обука на воените школи во Германија.

Слични содржини