Ќе одат ли на суд повторно Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки?
Актуелната Минситерка за одбрана најави тужба по денешната прес конференција на Ковачки, кој тврди дека знаела за секс скандалот, а таа изјави дека нема такво нешто.
Иако се уште не е завршена тужбата за плацевите во Радишани, каде Ковачки тврдеше дека министерката има хациенда, тие најверојатно ќе влезат во нов судски спор.