Институциите во државата си ја вршат работата и граѓаните треба да имаат доверба, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
Таа претпоставува дека причината за хибриднит напади врз неа се поттикнати од нејзиниот цврст став кон неправедната војна против Украина.
-Нашите позиции за Украина не беа поттикнати од инструкции од НАТО туку беа изградени во рамки на институциите. Ние сме независна држава, а нашиот глас се слуша во Алијансата бидејќи сме рамноправна членка, вели Петровска.
Таа вели дека сите безбедносни организации во државата соработуваат меѓусебе, а нејзините очекувања се сите нституции да реагираат во рамки на своите надлежност да ги обесхрабрат ваквите напади. Власта, вклучително и судската треба да обезбеди безбедност и сигурност на граѓаните, коментира Петровска