Петровска испраќа барање до Желино за изградба на споменик за загинатите бранители на Карпалак

од Nikola Popovski
223 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска информираше дека ќе испрати барање до општина Желино да биде дозволено изградба на споменик за загинатите бранители кај Карпалак. Петровска информира дека Министерството за одбрана е подготвено да го реализира.

Сметам лично дека овие бранители кои го дадоа својот живот за татковината, заслужуваат спомен-обележје и споменик по којшто ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит, рече Петровска, која претходно исто така испрати барање и за споменик за загинатите кај Вејце.

Денес делегациите положуваа цвеќе пред спомен-плочата поставена на банкината од автопатот Скопје -Тетово, одбележувајќи ја 22-годишнината од загинувањето на 10 бранители во конфликтот во 2001. Тогаш, припадниците на УЧК со ракетни фрлачи го нападнаа конвојот на АРМ во кој се превезуваа бранителите кои се упатуваа на боиштето во Тетовско. Во нападот со проектил беше погоден автобусот, при што загинаа 10 бранители од прилепско, а поголем број беа ранети.

Заседата кај Карпалак донесе дополнителна неизвесност на конфликтот во 2001-та. Трагичниот настан се случи во моменти кога се преговараше Рамковниот договор и кој го стави неговото потпишување под знак прашалник.

Слични содржини