Петровска: Kако Мицкоски се качува по планини со болни колена?

од Nikola Popovski
139 прегледи

Пратеничката и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу неговото и патувањето на целата владина делегација во САД на Самитот на НАТО.

-Ова со колената наследнo да не им е во ДПМНЕ, па сите министри морале со бизнис да летаат. Туку како се качува по планини со болни колена, праша Петровска преку објава на социјалните мрежи.

Нејзината реакција следува откако вчера премиерот во емисијата „Топ тема“ информира дека поради здравствени проблеми морал да патува со бизнис-класа од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена.

-Кога патував од Виена до Вашинготн и од Њујорк до Виена патував со бизнис-класа бидејќи имам проблем со колената и потоа не можам еден ден да бидам функционален бидејќи сум повисок и затоа одбрав така. Но, од Скопје до Виена и од Виена до Скопје бев во економска класа накај излезот за итни случаи. Обично седам на излезот за итни случаи поради тоа што има повеќе простор за нозете, некаде помеѓу 11-иот и 12-иот ред. Кога летав за Лондон седев помеѓу 11-иот и 12-иот ред од седиштата на компанијата ‘Аустријан ерлајнс’. И во минатото сум правел така и во иднина ќе така ќе биде, изјави Мицкоски.

Од СДСМ веќе неколку дена обвинуваа дека речиси 20.000 евра чинеле картите за бизнис класа.

-Според нашите информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на министерот за одбрана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја, кажаа од партијата од „Бихаќка“.

На реакцијата од СДСМ експресно возврати ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога сме кај возењето со авиони, токму функционерите на СДС ги оштетија граѓаните. Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, дури и до Ниш, а Заев и министри на СДС одеа со државен хеликоптер дури и до градови низ Македонија без никаква потреба.Заради СДС за владиниот авион за сервис ќе се платат 1 милион евра од буџетот на граѓаните.Заврши времето на нерационално се трошеа народните пари и наместо за граѓаните парите одеа кај пајташите на СДС и ДУИ.Вистинското прашање кое СДС треба да одговори каде се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид?,Или како се потрошени 550 милиони евра за пруга која завршува во тунел без излез, велат од партијата на власт.

Слични содржини