Mинистерката за одбрана Славјанка Петровска прашана во врска испраќањето на наши трупи во Источното крило во НАТО, прашање за што било дискутирано во Брисел, за каков вид опрема и што е побарано од нашата држава, таа децидно кажа дека не се работи за испраќање војници од македонската Армија, туку за потребата за зајакнување на источното крило на НАТО, кое се спроведува од сите 30 сојузници. Земјите кои се определени каде ќе се зголеми присуството на НАТО силите, информира, се Бугарија, Романија, Полска и Унгарија.
– Тоа се прави согласно плановите за распоредување на НАТО, во кое РС Македонија не е вклучена затоа што тие се правени до 2016 година, но заради зголемениот ангажман ќе биде очигледна потребата и на вклучување на нашата држава. Но, одлука за такво дополнително вклучување се уште немаме донесено, ниту сме се произнеле како држава. Со оглед на динамиката на терен ако такво нешто конкретно е побарано од нас, ние ќе одговориме соодветно, изјави министерката за одбрана Петровска.
Во однос на тоа дали сме подготвени, таа потенцира дека Армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците кои се од нејзиниот делокруг на работење.