328
Министерката за одбрана Славјанка Петровска попладнево објави дека решението за професионалните војници со навршени 45 години е во измените на Законот за служба во Армијата.
-Секој од нив ќе може да избере отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, што е сума од околу 25000 евра за нов почеток. Овој закон една година е блокиран од опозицијата. Јас имав средба со Синдикатот на професионалните војници и доколку опозицијата продолжи да блокира, ќе предложам ново решение, истакна Арсовска во објава на социјалните медиуми.