Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска порача дека земјата „ќе продолжи да му помага на народот на Украина во борбата против рускиот агресор до конечна победа“.
„Нема друга опција за слободниот и демократски свет освен Украина да победи во оваа неправедна војна“, истакна таа.
На официјалната седница на Владата по повод четвртата годишнина од членството на земјата во НАТО, Петровска додаде дека С.Македонија досега испратила 14 пратки со помош во воена опрема за Украина и „извршила обука на нејзина територија“.
„НАТО значои безбедност и стабилност и тоа нашите граѓани го знаат. Но членството во Алијансата е многу повеќе. Седиме на иста маса, рамноправни обединети во Сојуз на 32 демократски земји кои веруваат во исти вредности, истакна меѓу другото министерката.