274
За инклузивноста не е доволно само да се зборува, мора и да се направат конкретни чекори. Само со вклучување на лицата со попреченост во работните процеси, ќе покажеме дека за ниту еден македонски граѓанин не постои никаква пречка да даде личен придонес кон безбедноста на својата татковина објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.
„Инклузивноста е нашата сила. Со новиот предлог Закон за вработените во одбраната кој влегува во собраниска процедура, предвидуваме вработување без јавен оглас за лица со попреченост“, информира Петровска.