Петровска: Лошите коментари беа организирана кампања со цел да престанам да ја вршам функцијата министер

од Берта Китинска
222 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека лошите коментарите кои биле упатени кон неа изминатиот период се дел од хибридните дејствија и организирани кампањи со цел да престане да ја врши функцијата министер.

-Ги гледам коментарите меѓутоа не ми се битни бидејќи во оваа позиција како министерка сум подготвена да зборувам за мојата раобота, за армијата…Апсолутно сум подготвена и од другата страна да ги трпам критиките.Меѓутоа што се однесува на коментарите кои беа брутално експлатирани не заслужуваат коментар. Дел од нив се со хибридни дејствија и организрана кампања, веројатно целата беше да останам без волја за да продолжам за да ја извршувам совјата функција онака како што знам, и со тоа сакаа да се сруши МО и армијата, вели Петровска во Утрински Брифинг.

Слични содржини