Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска на денешната прес-конференција соопшти дека пратеникот од германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Тобијас Цех, поднел оставка откако угледниот германски медиуми објавијл дека од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, наплатил околу 50.000 евра за консултантски услуги
Таа вели дека скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му бил Христијан Мицкоски.
„По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори: Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени? Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница? Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија“, запраша Петровска која додаде дека овој, како што рече, скандал заслужува и институционално внимание од наделжните органи.