Петровска: На оранжерија во Градско изречена глоба од 20.000 евра

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Ана Петровска, директорката на ДИЖС на денешниот прес на кој го презентираше шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот, изјави дека најниската изречена глоба е 3000 евра, а највисоката глоба изречена оваа година е 20 илјади евра – за една оранжерија во Градско.

Во 2021 во споредба со 2020 година, информира таа, зголемен е бројот на вонредни надзори, односно спроведени се 171 вонреден надзор, наспроти 71 во 2020 или зголемување од 138 посто.

– И покрај тоа што овој период тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори, затоа што еден инпектор е на неплатено отсуство од април, еден суспендиран заради сомнеж за поткуп и еден кој од вкупно шест месеци, пет месеци бил на боледување, посочи Петровска.

Во првото полугодие од 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година што е намалување од 1 посто, а ова, според Петровска, се должи на намалениот број активни инспектори на терен.

– Обемот на активности на инспекторатот е сериозно интензивен и со оние ресурси што ги имаме навистина одговараме на сите пријави на граѓаните кои пристигнуваат во голем број, затоа е зголемен и бројот на вонредни надзори, заклучи Петровска.

Слични содржини