Петровска: НАТО обединува, НАТО заштитува и зацврстува

од Берта Китинска
277 прегледи

Целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина, информираше Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

„Овој состанок се одржува во исклучително важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе го потврдиме единството на Алијансата околу заштитата на безбедноста на земјите членки и ќе ја потврдиме заложбата за мирно и дипломатско решение на кризата во и околу Украина. НАТО обединува, НАТО заштитува и НАТО зацврстува, а тоа ќе го потврдиме и на овој министерски состанок,рече Петровска.

Слични содржини