311
Не би рекла дека го оставивме Зеленски сам поради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на руската агресија, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостувањето на емисијата „Клик плус“, одговарајќи на прашањето дали украинскиот претседател е оставен сам од земјите членки на НАТО и ЕУ.
Според неа, досега е покажан голема солидарност со Украина и нејзиниот народ.
-Ако од нас како НАТО алијанса се очекува да извршиме воена интервенција во Украна, тоа е веќе јасно кажано и таа дискусија веќе ја видовме дека силите дејствуваат само на своја територија и во одбрана на територијата на НАТО сојузниците, укажа Петровска.