Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија врз Украина

од Nikola Popovski
179 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со амбасадорката Кејт Мери Брнс во касарната Илинден го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија.

Петровска појасни дека со ова се покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

-Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа. Македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина. Безбедноста на нашата земја е гарантирана, нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста, изјави Петровска од касарната.

Слични содржини