Министерката за одбрана на Славјанка Петровска на денешната прес-конференција со нејзиниот бугарски колега Драгомир Заков рече дека се договориле дополнително да ја зајакнат досегашната заедничка работа.
-Во завршна фаза се и преговорите за едукација на воените лекари во поморската школа во Варна и на Воено-медицинската академија во Софија. Офицерите од Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат испратени на Воената академија во Софија. Бугарските војници беа дел од вежбите во Македонија во 2019-2020 година, а денес добија и покана за заедничка вежба на полигонот Криволак, изјавила Петровска.
Таа потенцирала дека по 24 февруари и почетокот на руската агресија врз Украина ништо не е исто во Европа. Според неа, руската агресија врз Украина докажала дека нема траен мир, дека „мирот и стабилноста се нешто за што мораме сите заедно да се грижиме“.
Петровска, исто така, рекла дека недвосмислено го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО.
Посетата на Петровска е продолжение на контактите на високо ниво започнати претходно оваа година во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на европската интеграција на Македонија.