Петровска покажа папки: Ковачки се плаши од две работи

од Nikola Popovski
141 прегледи

Мислам дека нема подлабока позадина од неговиот страв од она што значи модернизација, унапредување и напредок на Македонската армија. Јас лично немам дилема што се случува во ВМРО-ДПМНЕ или кај пратеникот Ковачки, изјави денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска на брифинг со медиумите.

Жално е што, додава таа, доскорешен припадник на АРМ кој сака сам одбрал да ја фрли униформата и да го облече костум и да и служи на една политичка партија, се служи со вакви невистини.

-Се што кажа досега во јавноста, се покажа како тотална невистина. Може јас имам разбирање за нападите врз мене – тие политички мотивирани и служат да се нанесе штета на мојот углед, но не можам да најдам објаснување и оправдувања за нападите врз неговите поранешни колеги, припадниците на АРМ. Како министерка за одбрана, имам обврска да се спротивставам. Од денеска натаму немам намера да одговорам на ниту едно негово прашање затоа што тој не го заслужува вниманието на припадниците на АРМ, кажа Петровска, по што обелодени дека Ковачки се плаши од две папки.

-Во оваа (сината) папка се доказите, со кои што ги побивам сите негови тврдења дека кријам имот. И ова е составен дел на тужбата која веќе ја поднесов против него, како што и ветив на јавноста. Ќе барам тој судски процес да биде отворен за јавноста, за да може сите да видите што се случи. Во другата (зелена) папка се крие товарот на неговото минато кое што длабоко го боли и поради кој не може да добие НАТО сертификат. Јас не сум дел од неговото минато Тој што правел во минатото е негова одлука и за тоа треба да ги сноси последиците, рече министерката, при што истакна дека информациите во зелената папка се класифицирани.

Слични содржини