Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вечерва информира дека земјата поседува воена опрема што ќе ѝ ја испрати на Украина на нејзино барање.
-Се придружуваме на солидарноста на земјите-членки на НАТО и ЕУ за директна помош на Украина. Поради класифицираната информација, не можеме да објавиме повеќе детали за типот и видот на оружје што Украина го бара. Како министерство ја поседуваме опремата и ќе ја доделиме со одлука на владата, рече Петровска во емисијата „24 анализа“.
Министерката појасни дека досега од НАТО не било побарано за наше директно вклучување во поставување на сили во Источна Европа.
-На сила во рамките на НАТО се GRP планови. Согласно механизмот на НАТО, дополнително може да биде побарана наша помош. Ако биде побарано од нас, ќе испратиме воени сили. Засега нема таква одлука, додаде Петровска.