Петровска: Пратениците од опозицијата можеа, но не побараа гласање на доверба на Владата

216 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, пратеничката од редовите на СДСМ, посочи дека довербата на Владата беше очекувана, но се осврна и на предвремените избори, за кои смета дека нема потреба да се одджат.

„Парламентот треба да се издигне над партиските калкулации. Досега можеа пратениците да го постават прашањето за доверба на Владата. Ниту денес, ниту во последниот период, опозицијата не беше во салата. Системот на манипулација не треба да постои, со оглед на тоа дека еден таков режим срушивме и за нас е веќе минато.Владата исто така, разговара и изнаоѓа решение со незадоволните граѓани по одредени прашања. Тоа што ВМРО ДПМНЕ го претставува ова на поинаков начин, тоа е нивна работа. Ние немаме потреба од предвремени парламентарни избори, со оглед на тоа што Владата ја доби довербата. Нервозата кај опозицијата порасна, но тоа не треба да значи дека треба да се употребуваат навредливи зборови кон своите колеги“

Слични содржини