Не знаев дека на толку убав начин ќе ме пречекаат во Велика Британија. Бев прашана која ми е омилена песна неколку дена пред да отпатувам, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска за нејзината официјална посета на Лондон, каде што беше пречекана од воениот оркестар со песната „Јовано, Јованке“.
Според неа, гестот беше прекрасен, како што доликува на две пријателски земји.
-Жалам што дел од јавноста го засени ова со недолични коментари. Веднаш се почна со осуда, а последниот период сме сведоци на организирани напади на Армијата и Министерството за одбрана. Сакам да укажам, исто како што информираше и британската Амбасада дека химната се свири сам кога се пречекува претседател или премиер на земја. Посетата помина во големо пријателство како и што доликува, рече Петровска во емисијата „Клик плус“.
При пречекот, еден од гардистите што го направи репортот ѝ се обрати на македонски јазик со што на дело се покажа неговото вреднување од големите западни држави.