Петровска: Припаѓаме таму каде што ни е местото – ние сме НАТО

од Nikola Popovski
141 прегледи

Чкеавме долго за да можеме да – ние сме НАТО и сме заедно и посилни и сме сојуз на 30 еднакви нации кои ги поврзуваат вредностите кои ги живееме. Нема компромис за мирот и безбедноста на секоја педа НАТО територија и една милијарда луѓе во светот, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешното одбележување на 3-годишнината од членството на С. Македонија во НАТО.

Според неа, опстоивме на најважното и не го изгубивме идентитетот.

-Припаѓаме таму каде што ни е местото. Денес гордо велиме дека ние сме НАТО затоа што знаевме да бидеме храбри и да донесеме вистински одлуки во вистинско време. За жал, еден дел од Европа не е во мир и ги живее најмрачните денови за кои мислев дека се закопани длабоко во минатото, истакна Петровска говорејќи за руската агресија и нападот на Украина.

-Цврсто стоиме на ставот – не за војна, не за страдање, не за невини жртви. Донесовме одлуки за помош и поддршка на суверена земја која прави се за да се одбрани и тоа го направивме со разум и цел да му помогнеме на народот кој сака да биде свој на своето, додаде министерката во своето обраќање на настанот кој се одржува во касарната „Илинден“.

Петровска им порача на „македонските војници дека се нашата гордост“.

-Секој денар влошен во вас е влог во нашата иднина и држава и така ќе биде и во иднина, истакна министерката за одбрана.

Слични содржини