Петровска пристигна во Украина (ФОТО)

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.

Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, соопштија од МО, ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тоа е дека Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ, се наведува во соопштението од МО, мора веднаш да запрат.

Како што е најавено, министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.

Слични содржини