414
Политички секако дека ги поздравуваме изјавите дека и Руската Федерација која објави дека ќе повлекува дел од своите трупи и теоретски веројатно води кон чекор на деескалација на состојбата, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Сепак според неа, информациите кои се добиваат од НАТО структурите е дека на терен не е видливо повлекување на трупите.
-Тие зборови не се пресликани на терен. Деескалацијата треба да се покаже на дело, смета Петровска во интервју за МИА.
Таа нагласи дека безбедносната состојба во Европа не може да се нарече релаксирана, и дека континентот се соочува со ризици од различен вид, но инсистира и на важноста на солидарноста и сигурноста што ја пружа членството во НАТО.